mkd-satelite forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Новости на нашите телевизии

3 posters

Go down

Новости на нашите телевизии Empty Новости на нашите телевизии

Пишување by форумџија Нед 9 Сеп 2012 - 1:29

Тема за новостите кои ни ги нудат нашите телевизии и информации за нив.
Нови емисии, филмски премиери... Се поврзано за ова објавете тука.
форумџија
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2336
години години : 34
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 50

https://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Новости на нашите телевизии Empty МТВ ќе прави македонска верзија на Dancing With the Stars

Пишување by форумџија Нед 9 Сеп 2012 - 1:40

Новости на нашите телевизии Dwts110
Македонската телевизија се „наполни“ со американски телевизиски серии, но тоа не ја спречи да почне да инвестира и во попрофесионална македонска продукција.

Дознаваме дека МТВ од продукцијата на BBC (според нивниот извештај објавен уште пред два месеци, во јули) ги откупила правата за да направи локализирани верзии на светските популарни шоуа Dancing With the Stars (Танц со ѕвездите) и Just the Two of Us (Ѕвездите пеат) кои кај нас се познати по тоа што се емитуваат на Хрватската телевизија.

Според првичните планови, Танц со ѕвездите треба да се емитуваа оваа есен на МТВ, иако се’ уште нема официјални најави, а Ѕвездите пеат во пролет наредната година.

Неофицијално, МТВ има откупено и уште неколку лиценци за други шоуа, како и е во преговори (или веќе има потпишано договор) со познати македонски водители.
форумџија
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2336
години години : 34
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 50

https://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Новости на нашите телевизии Empty Re: Новости на нашите телевизии

Пишување by mile Нед 9 Сеп 2012 - 15:51

Па редно време е веке МТВ да стапи на сцена и да стане и популарна со некои тв шоуа и серии, а не како другиве телевизии со турски серии по цело време
mile
mile
активен член
активен член

мислења мислења : 57
поени поени : 83
регистриран на 2012-04-16
заблагодарен заблагодарен : 4

Вратете се на почетокот Go down

Новости на нашите телевизии Empty Re: Новости на нашите телевизии

Пишување by sasa Нед 9 Сеп 2012 - 16:01

AKO VO IDNINA NASATA NACIONALNA TELEVIZIJA POCNE SO SOUA SERII HITOVI NIZ SVETSKITE TV STO GI PRIKAZUVAAT I FILMOVI SO SKAPA PRODUKCIJA NE E CUDO DA BIDE MEGU PRVITE TV VO MAKEDONIJA I REDNO E TAKA KAKO NA PRIMER VO BIVSITE YU ZEMJI SEGDE NACIONALNITE SE NA PRVO MESTO BAS MI E DRAGO STO MTV NESTO MENJAVAAT VO TV PROGRAMATA.
sasa
sasa
нов член
нов член

мислења мислења : 32
поени поени : 65
години години : 43
регистриран на 2012-09-06
хумор САТЕЛИСТА
заблагодарен заблагодарен : 6

Вратете се на почетокот Go down

Новости на нашите телевизии Empty Re: Новости на нашите телевизии

Пишување by sasa Нед 9 Сеп 2012 - 16:04

JAS KAKO GLEDAC NA NASITE TV STANICI NIZ MAKEDONIJA NE SUM MNOGU LJUBITEL NA ONIE EFTINI SERII STO SE PRIKAZUVAAT I MISLAM DEKA VO IDNINA TREBA DA SMENAT NESTO OKOLU TOA DA IMAME NESTO SVOE DA GLEDAME.
sasa
sasa
нов член
нов член

мислења мислења : 32
поени поени : 65
години години : 43
регистриран на 2012-09-06
хумор САТЕЛИСТА
заблагодарен заблагодарен : 6

Вратете се на почетокот Go down

Новости на нашите телевизии Empty Re: Новости на нашите телевизии

Пишување by форумџија Нед 9 Сеп 2012 - 16:15

Да но за да стане мегу популарните телевизии треба барем една година да биде со добра и скапа продукција ...

sasa- Прочитај ги правилата и препорачливо е да се пишува со македонска подршка
форумџија
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2336
години години : 34
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 50

https://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Новости на нашите телевизии Empty Легендарната Бранка Станковска се враќа на вестите на МТВ

Пишување by форумџија Сре 19 Сеп 2012 - 8:17

Новости на нашите телевизии Cda79c10


Легендарната макеодонска спикерка, Бранка Станковска во сабота во 19:30 ќе го започне Дневникот на македонскиот национален сервис. Во придружба на добро познатиот машки глас на Благоја Крстевски легендатата на МТВ официјално ќе го отвори новото, ултра модерно студио на Македонската Телевизија, пишува Вест.
По кратката најава, вестите ќе ги продолжат новите лица, екс новинарката на Алфа, Билјана Трендафилова и некогашниот уредник во А1, Горан Петрески.
Од сабота МТВ во функција го става новото студио кое ќе биде опремено со најсовремена технологија. Целата позадина ќе биде еден огромен лед дисплеј за кој МТВ платила безмалку половина милион евра.
форумџија
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2336
години години : 34
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 50

https://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Новости на нашите телевизии Empty МРТ се ребрендира во недела

Пишување by форумџија Чет 20 Сеп 2012 - 14:10

Новости на нашите телевизии Mrt23210

Иако првично беше најавено дека новиот визуелен идентитет на Македонската телевизија ќе се презентира оваа сабота (22.09), официјално дознаваме дека тоа ќе се случи во недела.

Новите ликови, новото лого, светскиот изглед на Дневникот, новата генерација новинари и новата програмска шема ќе заблескаат на МРТ и ќе направат таа да го врати стариот сјај. Обновениот период во историјата на националниот сервис ќе започне со вестите во 19.30 часот во недела коишто ќе ги презентираат легендарните Бранка Станковска и Благоја Крстевски. Станковска е на 81-годишна возраст и се присеќава дека таа ја отворила телевизиската програма на ТВ Скопје во 1965-та година. Тие ќе го започнат Дневникот, но ќе го завршат новите ликови на МТВ, Горан Петрески и Билјана Трендафилова. Дел од Дневникот ќе бидат и вклучувања во живо, седум од земјава и три од странство.
“Искрено веруваме и се надеваме дека новите телевизиски ликови, емисии, квизови, серии, спортски настани, но и од корен сменетиот лик на Дневникот, ќе бидат вистински магнет за гледачите. Вложуваме многу труд и енергија за да го вратиме сјајот на националниот сервис. Поради таа цел ангажирани се сите расположливи капацитети на МРТ зајакнати со неколку нови имиња кои се истакнати професионалци во својата област. Со еден збор секој ден на МРТ ќе биде посебен за гледачите. Сигурен сум дека во програмата има понуда за секој гледач и оној што е љубител на информативните емисии, оние кои сакаат повеќе да гледаат серии и оние кои се обожаватели на интерактивни шоу емисии“, изјави Марјан Цветковски, извршен директор на МРТ.

Она за што најмногу се интересираат гледачите е кога ќе започнат најавените серии: „Озборувачка“, „Натприродно“, „Менталист“, „Истрага на местото на злосторство; Лас Вегас, Мајами и Њујорк“ и „Репортери“, а одоговорот веројатно ќе го добијат оваа недела.
форумџија
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2336
години години : 34
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 50

https://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Новости на нашите телевизии Empty Re: Новости на нашите телевизии

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот