Системи на кодирање:Conax

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Системи на кодирање:Conax

Пишување by dejanpetrusevski on Саб 1 Сеп 2012 - 1:14

Конакс е систем на кодирање кој доаѓа од норвешкиот Теленор,а своите почетоци ги започнува со лансирањето на дигиталниот сателитски пакет Канал Дигитал Скандинавија.Конакс е посебно развиен за потребите на Канал Дигитал Скандинавија но со тоа што ја покажува својата способност Конакс пробува да се пробие и на другите простори ширум Европа како еден од подобрите системи на кодирање.По лансирањето на дигиталните сателитски пакети во Скандинавија двата ривали Виасат и Канал Дигитал Ск. се одлучуваат за различни системи на кодирање.Виасат како решение за заштита го избира системот Виаццесс додека Канал Дигитал Ск. се одлучува да се придржи до домашниот систем Конакс.Конакс е систем на кодирање базиран на РСА алгоритам што значи ако би постоела пиратска емулација на системот таа не би можела да работи на картиците од типот на Голд кард или Фан кард куку би ни требала картица од типот на Титаниум кард.Конакс е доста флексибилен систем а денеска е и доста раширен денес голем број на ресивери во своите декодери го подржуваат системот Конакс.Тоа и доведува Конакс да има и пиратски емулатори Х во 1 систем кој работи преку картица пиратска која истата работи преку Конакс декодерите.

Уште пред година дена да излезат на пазарот таквите развиени пиратски емулатори,се позна пиратскиот потенцијал на Конакс кои како систем не го блокира ЕЦМ-то за разлика од другите системи кои го блокираат.(ЕЦМ-Ентитлемент Контрол Мессиџ)порака за проверување на правата на картицата.На гледачите на Конаксовите легални картици карактеристиките покажуваат дека се работи за доста добар систем на кодирање кои користи големи 128 бајтни клучеви кои се состојат од модови и експонанти,односно овие 2 во комбинација имаат 256 знаци.

Како изгледа одприлика еден Конакс Клуч?Клучот се состои од два дела експонент и модулар(ознака) Знакот Ф е замена за било кој знак во хехсидецималниот систем.

index=20/21/22
exp= FFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFF
FFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFF
FFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFF

mod= FFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFF
FFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFF
FFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFF

За да би добиле слика од системот на кодирање Конакс би требале да ги имаме двата податоци,тоа се ехпонантите и модификационите.

Норвежаните мислеле на брут форце хакирање.За тоа на пиратеријата би и било потребно години и години за откривање на Конакс клучевите.Бруте форце не е ништо друго туку испробување на сите можни комбинации на клучевите.Конакс подржува различни технологии како што се ППВ а тоа едноставно значи плати па гледај,работи некое време потоа не можете да го гледате истиот,па повторно за неколку минути црнило имате право да го гледате и се така во круг.Добар начин за привлекување на купци на ППВ филмови.

Дури 2001 година на комерциалниот пазар излегува картица под името Дреамкард и прв пат на пазарот се појавува и пиратски емулатор за системот на кодирање Конакс.И ден денес многу помислуваат дека картицата Дреамкард не е од никој друг туку од самиот Конакс кој сака да заработи додатни пари.Дреамкард се продава по екстремно висока цена која достигнува и до 400 долари и го отварала целиот Канал Дигитал Скандинавија со се ППВ каналите.Картицата заради таа висока цена не се продава во големи количини и не му преставува на Канал Дигитал некаква закана.Почетокот на 2003 година клучевите и самиот алгоритам на Конакс се достапни на јавноста со тоа и самиот Конакс широко достапен во Европа.

Таквата ситуација е доста проблематична со тоа што Канал Дигитал Ск. почнува да работи на решавање на проблемот.Во почетокот на месец Мај односно 4 месеца пиратско достапен Канал Дигитал Ск. почнува да користи непознат клуч со што и завршува 4 месечната ера на пиратско следење.Дреамкарицата со тоа се умртвува и другите пиратски емулации Матрих кам……Веќе на крајот на мај се појавува нова комерцијална картица за Конакс која се вика Пентакард.3 месеци покасно и самиот таканаречен Пентакард Тим врши замена на Пентакард картицата со што им поделува на муштериите нова картица под името Пентакард верзиа 3.Цената на картиците е слична на Дреамкартицата од прилика 350 евра.Но за разлика од Дреамкард оваа се продава во големи количини.

Крајот на 2003 година Конакс повторно станува достапен јавно и тоа на доста евтина картица под името М2 кард.Повторно Канал Дигитал се соочува со големи проблеми бројот на претплатници значително им опаѓа а и ППВ каналите ги губат своите претплати.Но иако Пентакард доаѓа до губење на претплатниците таа им овозможува безпрекидна програма додека на пиратските картици промена на клучевите била секојдневна.Во средината на 2004 Канал Дигитал ги гаси дел од ППВ каналите бидејки више не се исплатливи заради хакирањата.Канал Дигитал на различни начини пробува да го спречи пиратското гледање но не успева во тоа.

Често е вршено промена на картиците во се по модерни со што би се спречило пиратско пратење,отчитување на работниот клуч.Канал Дигитал е пиратски достапен повеке од 1 година а на почетокот на 2005 година Канал Дигитал го променува работниот клуч кој до ден денес не е познат.Со ова се усмртуваат и Пентакард и М2 карицата и со нив и сите емулатори пиратски.Канал Дигитал е доста примамлив пакет заради големиот број на англиски канали и големиот број на атрактивни тематски канали,но највеќе е тоа што ќе не зачуди што Конакс повеќе пати назад низ годините пробува да заработи по пат на пиратски картици.Освен Канал Дигитал Конакс користат и други пакети како што се:

TVN Grupa ITI
Focus SAT
Digitalb
avatar
dejanpetrusevski
вип член
вип член

мислења мислења : 753
поени поени : 1139
регистриран на 2012-01-20
хумор сателидџија
заблагодарен заблагодарен : 30

Преглед на профилот на членот http://serviskratovo.weebly.com/

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот