Системи на кодирање:Irdeto Access

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Системи на кодирање:Irdeto Access

Пишување by dejanpetrusevski on Саб 1 Сеп 2012 - 1:12

Ирдето е еден од најстарите системи на кодирање кој се користи во Европа.Иако низ низа години од своето постоење доживува големи падови и успони денеска е заштита на фирмата Мултичоис Холдинг Интернационал која застапува сателитски пакети како во Европа и пошироко,меѓу кои се и пакетите Мултичоис Јужна Африка т.е Нова Хелас.

Ирдето своите почетоци во Европа ги започнува со Мултичоис пакетите па така и до ден денес Ирдето е систем на кодирање кои го користат пакетите Канал Дигитаал Сателиет,односно поранешен Мултичоис Холандија.Но по лансирањето на системот Ирдето после 2 години постоење и слава на системот Ирдето се јавуваат проблеми.А кривци за тоа се кој друг ако не пиратеријата но и самиот Ирдето кои што многу споро реагира на претењата од црниот пазар.

Во еден момент сите пакети кои беа заштитени под Ирдето системот беа достапни на црно:Премиере,Нова Хелас,Канал Дигитаал Сателиет,Мултичоис,Стреам,Теле +.Сето ова е благодарение на тоа што картиците не се заменети на време.Во тие пресудни времиња на Ирдето црно му се пишува на европскиот пазар.Премиере воведува свое сопствено кодирање неговото име е Бетакрипт кое е само модификација на постоечкиот Ирдето и не му помага на Премиере да се одбрани од пиратеријата.Теле + одлучува потполно да го напушти Ирдето кодирањето а Нова Хелас,Канал Дигитаал Сателиет и Мултичоис остануваат и понатаму претрпувајки големи загуби.При тоа грчката платформа Нова Хелас која е една од најскапите пакети во Европа од околу 55 евра месечна предплата е доведена до раб на банкротирање.

Иако ротацијата на клучевите се врши секојдневно ништо не му помага на Ирдето да ја искорени пиратеријата.Било морално нешто да се покрене како би дошло до искоренување на пиратеријата и зачувување на каналите заштитени во Ирдето системот од нивно заминување.Заради пиратеријата загуби претрпуваат и каналите од блискиот исток и Австралија.Арапскиот пакет Шоутајм.За тоа време додека Ирдето доживува банкрот,раце тријат системите како што се Канал+ Технолоџи и НДС Видеогард кои подоцна и станаа лидери во заштитата на европскиот пазар.Корисник на Ирдето системот е и српскиот канал Пинк Плус кој исто така е соочен со големи проблеми заради пиратеријата.А самата цена на картицата која е околу 220 евра но и колку да се ажурираат клучевите секојдневно не пројавува интерес на пазарот.

И кога се се чини црно Ирдето лансира нови картици кои се познати под името Ирдето 2 а постоечкиот систем на кодирање го модифицира како би бил во можност да комуницира со новите картици.Новите картици брзо ги воведуваат пакетите Шоутајм и Мултичоис и некои помали пакети кои емитуваат порно содржини како што се Секс Виев или СЦТ.Со ова лесно им се задава удар на пиратите кои многумина од нив на Ирдето 2 му предвидуваа сигурна и брза смрт т.е за брзо време појавување на голем број од пакетите на црно.Но тоа не се случува!Ирдето како ас во рака ја има стратегијата која и ден денес ги заштитува голем дел на пакетите во Ирдето системот,кои редовно ја пратат ситуацијата на црниот пазар.Стратегијата е многу едноставна а тоа е менувај ги картиците пред да бидат откриени како функционираат.

Анализирање,тестирање и најпосле и запишување на емулација за некои системи на кодирање е доста тешка работа,но што ке се деси ако некој пакет после 2 години ги промени картиците?Анализата започнува од почеток а голем дел од пиратите се обесхрабрени започнуваат анализа од почеток но знаејки дека анализата ке потрае тогаш започнува промената на оригиналните картици.Набрзо започнуваат Ирдето 2 да користат и останатите пакети како Нова и АДД,а на крај им се придружува и српскиот канал Пинк Плус.Меѓу последните пакети кои го прифаќаат Ирдето 2 кодирањето е холандскиот пакет Канал Дигитаал Сателиет,кој Ирдето 1 кодирањето го гаси нешто повеќе од 1 година.Ирдето 2 кодирањето денес е еден од најсигурните системи на кодирање од новата генерација на системи на кодирање.Едино Ирдето 2 останува еден од најсигурните системи благодарение на редовната замена на претплатничките картици на поголемиот број на пакети.

Примери за оригинални претплатнички картици на Ирдето 2 се Делтакард и Епсилон кои популарно се нарекуваат и како Ирдето 3 и 4 иако не се работи за промена на ново кодирање туку во нова генерација на картиците.Ирдето 2 системот е доста специфичен систем бидејки клучевите работат ротирачки доста често без разлика на тоа дали картиците се хакирани или не за авторизација на поедини канали се користат таканаречени ЧАНЕЕЛ чидови.Ознаката на Ирдето 2 кодирањето започнува со броевите 06 а воедно за кој пакет се работи продолжуваат со низа на други броеви како што се:0602,0604,0626……..

За следење на Ирдео 2 каналите денеска не е потребно многу да барате.Доволно е да имате дигитален сателитски ресивер со место за надоградба на модули или место за картица.Треба да имате Ирдето Еурокам модул 100% компитабилен со Ирдето 2 картиците или ке ви послужат и бројните мултикас модули како што се Драгон кам,Зета кам или Матрикс кам.Од дигиталните ресивери одличните Дреамбокс ресивери кои без модули и картици се разбира со шеринг портот ке ви овозможат следење на пакетите кодирани во Ирдето 2 системот.

Денес Ирдето 2 системот го користат се поголем број на пакети како што се:

Nova Hellas
Canal Digitaal Sateliet
BulsatCom
AthinaSat
Multichoice
5+
MCT
RedLight Television
Pink Plus
Showtime Network
Arab Digital Distribution
avatar
dejanpetrusevski
вип член
вип член

мислења мислења : 753
поени поени : 1139
регистриран на 2012-01-20
хумор сателидџија
заблагодарен заблагодарен : 30

Преглед на профилот на членот http://serviskratovo.weebly.com/

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот