mkd-satelite forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

DVB-T

Go down

DVB-T  Empty DVB-T

Пишување by dejanpetrusevski Пет 17 Aвг 2012 - 19:17

Дигитализацијата на радиодифузијата има неколку предности - драстично се подобрува квалитетот на сликата - во еден канал аналогно се зрачи само една телевизиска програма додека со дигтализацијата во еден дигитален канал се зрачат и до 10 телевизиски програми (MPEG-4) со што се штеди на фреквентниот спектар кој што е ограничен природен ресурс - постоење можност да со сликата се пренесуваат и други информации и сервиси кои се во врска со истата - можност за воведување на нови поквалитетни извори на слика , како на пример што е HDTV т.е. слика со висока резолуција - за дигиталниот сигнал е потребен понизок праг на прием т.е. можат да се користат послаби сигнали, а тоа значи дека може да се намали моќноста на предавателните уреди што покрај штедење на енергија и простор , повратно ја зголемува искористеноста на фрекфентниот спектар интегрирање во сеопштите дигитални текови

[You must be registered and logged in to see this image.]

Дигиталната земска телевизиска мрежа ( или скратено DVB-T мултиплекс) е комплексен систем кој се состои од

Инфраструктура: пристапни патишта, изградени објекти, довод на електрична струја од главната енергетска мрежа на РМ и резервнонапојување со помош на агрегати и батерии
Преносни врски ( дигитални микробранови ) за дотур на радио и телевизискиот сигнал од студијата на ЈП МРТ до DVB-T предавателите. Истата мрежа ( двонасочно) се користи и за дотур на радио и телевизиски сигнали од територијата на РМ до студијата на ЈП МРТ.
Мрежа на радиодифузни предаватели и репетитори за зрачење на мултиплексниот сигнал
Антенски системи кои се состојат од антенски стобови, мултиплексери , кабли и антени.

Според направените анализи за покривање на теренот со дигитален сигнал на 90% од населението , потребно е да се инсталира опрема на 44 радиодифузни објекти, т.е. да се зрачи DVB-T мултиплексен сигнал од 44 точки соодветно распоредени низ територијата на РМ.

Целокупната опрема наменета за дигиталната земска телевизиска мрежа DVB-T се монтира на постојните пунктови на ЈП МРД. Се користат истите антенски системи, антенски столбови како и енергетски системи на ЈП МРД. Географските подрачја на кои се темели процесот на фрекфенциското планирање на DVB-T се определени од АЕК. Територијата на Република Македонија е поделена на 8 зони на доделба (алотмент зони).

[You must be registered and logged in to see this image.]
dejanpetrusevski
dejanpetrusevski
вип член
вип член

мислења мислења : 753
поени поени : 1139
регистриран на 2012-01-20
хумор сателидџија
заблагодарен заблагодарен : 30

http://serviskratovo.weebly.com/

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот