Новиот глобален тренд се вика 3D телевизија

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Новиот глобален тренд се вика 3D телевизија

Пишување by dejanpetrusevski on Пет 17 Aвг 2012 - 8:59

[You must be registered and logged in to see this image.]

Во последно време, кај нас сe' повеќе се зголемува интересот за HD (High Definition) телевизија, која што се однесува на видео со значително повисока резолуција од традиционалните телевизиски системи. HD има еден до два милиони пиксели по рамка, што грубо кажано претставува 5 пати подобра резолуција од SDTV (Standard Definition TV). Меѓутоа, додека кај нас HD содржините се' уште се во процес на етаблирање на пазарот, светот оди чекор понапред, претставувајќи ја новата технологија на 3D телевизија.

Што всушност претставува 3D?

3D телевизијата претставува технологија во пораст, која што на публиката и дава можност да ужива во тридимензионално гледање на филмови, телевизиска програма и видео игри во нивните домови. Зад несекојдневната и воодушевувачка технологија пред екраните, на другиот крај, технологијата претставува двојна HD, со додатно процесирање на сликата во z- рамнината (длабочина). Конвенционалниот метод на секвенцијални рамки, бара 3D очила, кои го користат паралаксот помеѓу двете слики за левото и десното око. Доколку при гледање на 3D филм се извадат очилата, може да се забележи дека се гледаат две различни слики преклопени, но со мало поместување помеѓу нив. Камерите со кои се снима, имаат по две леќи и најчесто се користат по две камери, кои се споени и функционираат заедно во една. Во даден момент, 3D сликите се движат низ продкукцискиот синџир како две различни слики, по една за секое око.

3D-ready ТВ приемници?

Терминот “3D ready ТВ приемници” всушност се однесува на оние ТВ приемници кои се оспособени да оперираат во 3D мод, како додатен на веќе стандардниот 2D. Пакетот на овие модели вклучува соодветен сет-топ-бокс и LCD очила со бленда. Се издаваат команди од страна на ТВ за тоа кое око треба да ја види сликата во моментот, креирајќи стереоскопска слика (тридимензионална визуелна информација или креирање на илузија за длабочина во сликата). Иако нема некоја одредена големина за приемникот да биде сметан за 3D-ready, сепак треба да има минимална “брзина на освежување” (колку пати во секунда дисплејот ги повлекува податоците) од 120 Hz. Колку е таа повисока, тридимензионалниот ефект е помазен и почист.
Се очекува од страна на индустријата за забава да се присвои заеднички и компатибилен стандард за сите 3D домашни електронски апарати, со цел да се избегне битката на различни формати и да се гарантира дека корисниците ќе бидат способни да ја гледаат 3D содржината, дистрибуирана преку електронски медиуми, кабел, сателит или интернет и прикажана на телевизор, компјутерски екран или друг вид на дисплеј.
[You must be registered and logged in to see this image.]

Електронските медиуми во 3D?
Спортските електронски медиуми ја “внесоа” третата димензија на Светското Фудбалско првенство во јуни, годинава. Имено, каналот ESPN започна со прикажување на спортски настани во живо, а до крајот на годинава, планира бројката да се искачи до 85 3D пренесени спортски настани. Еуроспорт (Еurosport) емитуваше во 3D на French Open во Париз. Официјално, британскиот канал BSkyB на први октомври 2010 година ќе започне со редовно емитување во 3D.

[You must be registered and logged in to see this image.]
avatar
dejanpetrusevski
вип член
вип член

мислења мислења : 753
поени поени : 1139
регистриран на 2012-01-20
хумор сателидџија
заблагодарен заблагодарен : 30

Преглед на профилот на членот http://serviskratovo.weebly.com/

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот