Македонските телевизии се дигитализираат

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Македонските телевизии се дигитализираат

Пишување by форумџија on Вто 5 Јун 2012 - 23:25

Сигурно веќе слушавте за дигитална телевизија и дигитализирање на аналогниот сигнал на националните и регионалните телевизии во земјата. Имено, тоа што треба да знаете е дека во јуни 2013 година телевизиите ќе треба да го исклучат својот аналоген систем и да се префрлат на дигитални ТВ сигнали.
Што значи тоа?

Дигиталната телевизија е сервис кој за пренос на слика и тон до вашите ТВ приемници ја користи истата инфраструктура како и аналогната телевизија, само со унапредена техника која овозможува да се пренесуваат повеќе податоци во помал радио спектар, ослободувајќи го за други услуги како безжичен интернет. Предностите на дигиталната телевизија се тоа што ќе немате проблеми од типот „снег на сликата“ и слично, кои кај аналогната телевизија настануваа поради слаб аналоген сигнал, иако пречките кај дигиталната програма може да биде несинхронизирано аудио со видео, или смрзнување на сликата.

Покрај стандардниот квалитет (SDTV), подобрениот сигнал овозможува да се пренесуваат поголем број податоци и со тоа да се обезбеди слика со висок квалитет (HDTV) со резолуција до 1920 × 1080 на 60 Hz, што е познато и како 1080p.

Дополнително, дигиталниот пренос на корисниците им овозможува да користат и EPG (Електронски водич за ТВ програмата), избор на превод и избор на јазик (MaxTV го нуди тоа). Исто така, со помош на EPG ќе можете да ја снимите и вашата омилена емисија во определено време.
Што е дигитален ТВ тунер? Дали може да се купи, колку пари е и за што служи?

Пратењето на дигиталната телевизија (DVB-C) е возможно доколку имате телевизор кој има вграден DVB-C тунер или одговарачки STB (Set Top Box). Set Top Box е надворешен уред кој се поставува покрај вашиот ТВ приемник и со негова помош ја следите програмата во дигитален квалитет. Моментално, таква опција кај нас нудат MaxTV, BoomTV, ТелеКабел, Blizoo и уредите може да се набават од нив.

Но, бидејќи веќе целиот свет се дигитализира, па и новите телевизори доаѓаат со вграден DVB-C тунер можеби и нема да имате потреба од дополнителен уред. Затоа, пред и вие да се дигитализирате, проверете дали веќе вашиот телевизор поддржува дигитален сигнал.

Во случај да не сте во можност да си обезбедите приемник или соодветен телевизор, Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) вети дека ќе излезе во пресрет и ќе обезбеди околу 40.000 приемници за семејствата кои не се во можност да купат.


допринеси за форумов да опстане. Сподели
avatar
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2335
години години : 27
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 49

Преглед на профилот на членот http://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот