Македонската телевизија A2 се врака со програма на малите екрани

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Македонската телевизија A2 се врака со програма на малите екрани

Пишување by форумџија on Пет 18 Мај 2012 - 10:24


Македонската телевизија A2 ке започне денеска (18 мај, 2012)година, најавија група новинари од A1 телевизија. Програмата во почетокот ке биде од информативен карактер, а ке започне во 19 часот. Програмската содржина постепено ке се збогатува, со серии,филмови. др. Телевизијата ке има странски соработници кои се дел од тимот изграден од страна на поранешната телевизија A1 .
Бидејки како што се спомена погоре денеска е крајниот рок за пуштање на програмата, па доколку не се стартува, ке следува одземање на лиценцата за 7 денови. A2 телевизија е пуштена во јули 2008 година. На крајот од 2009 година го претстави и новото лого и идентитетот. A2 телевизија е сестринска телевизија на поранешната a1 телевизија која во својот период бешеедна од најгледаните телевизии во Македонија.A1 телевизија е исклучена 30 јули 2011 година со одлука на агенцијата за електронски комуникации.


Параметри на сателит за A2:

* Intelsat 901 (18°W), freq. 11,569 GHz, pol. H, SR 5773, FEC 5/6, DVB-S/QPSK, FTA


допринеси за форумов да опстане. Сподели
avatar
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2335
години години : 27
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 49

Преглед на профилот на членот http://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

А2 телевизија остана без дозвола за работа

Пишување by форумџија on Сре 13 Јун 2012 - 22:25

Советот за радиодифузија одлучи да и ја одземе дозволата за работа на телевизија А2. Одлуката ја донесе на вчерашната седница повикувајќи се на член 63 од Законот за радиодифузна дејност. Сега, кога телевизијата веќе нема лиценца, на ред е Агенцијата за електронски комуникации, која треба да и ја одземе и фреквенцијата. Со тоа, по ликвидацијата на А1 телевизија и стечајот на весниците "Време", "Шпиц" и "Коха е ре", згаснува и последниот медиум кој беше во сопственост на Велија Рамковски.

Од февруари наваму сателитското трговско радиодифузно друштво А2 Телевизија од СРД доби неколку рокови да го усогласи работењето со Законот за радиодифузната дејност и со условите од дозволата што ја има. Последниот мониторинг покажа дека оваа обврска не е исполнета, а последица на тоа е одлуката за одземање на дозволата.
Како што соопшти СРД мониторингот покажал дека радиодифузерот сериозно отстапува од претежно забавниот општ формат што му е доделен, за што членовите на Советот и лично го информирале управителот на А2, како и стечајниот управник.

Наместо најмногу 65% програми што исполнуваат забавна функција, А2 емитувал 75,68%, а повеќе од две третини биле репризни изданија.
- Редовните мониторинзи на програмите на радиодифузерите покажаа сериозни отстапувања во форматот на Телевизија А2, соопшти СРД.

Претходно, поради огромни долгови кои не можеа да се покријат зашто беа седум пати поголеми од вредноста на нејзиниот имот, на почетокот на годинава по неколкумесечен стечај беше ликвидирана телевизијата А1. Телевизијата престана да зрачи неколку месеци пред тоа, кога поради отворањето на стечајната постапка Агенцијата за електронски комуникации и ја одзема фреквенцијата. Пред кратко време дел од новинарската екипа на ликвидираната А1 телевизија стартуваше со проект за емитување вести и дебатни емисии на А2 телевизија.

А2 телевизија има право на жалба, но таа нема да го одложи извршувањето на одлуката на СРД, па се очекува уште во текот на денешниот ден кабелските оператори да го прекинат сигналот на телевизијата.


допринеси за форумов да опстане. Сподели
avatar
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2335
години години : 27
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 49

Преглед на профилот на членот http://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот